ЈП „Водовод и канализација“: Водата за пиење е безбедна

Водата за пиење во Скопје е безбедна, покажуваат резултатите од анализите што ги изврши ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Примероци на вода за пиење биле земени од 42 мерни места во Градот Скопје.

-Секторот за санитарна контрола, во периодот од 30.10.2023 до 03.11.2023 зема 190 примероци за физичко-хемиска и 190 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 42 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, се вели во соопштението од „Водовод и канализација“ – Скопје.

Претходна вестПретседателката на Врховниот суд Адеми нема да оди во Судски совет
Следна вестПристапната улица до мостот „Беласица“ се реконструира, но до каде е мостот…?