Јавното сообраќајно претпријатие денеска упат јавен апел до сите граѓани, корисници на јавниот превоз да се придржуваат на препораките за заштита од ковид – 19 и при користење на превозот, односно во автобус да носат заштитна маска.
-Единствено, со одговорно однесување на секој поединец, а имајќи во предвид дека превозот секојдневно го користат илјадници граѓани, може сите да придонесеме во борбата против ширење на вирусот, се вели во апелот.