ЈСП „Скопје“ утре ќе вози по неделен возен ред

Утре, среда (1.05.2024 год.), поради празникот 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред, соопшти денеска ЈСП „Скопје“

Жичницата ќе работи со вообичаено работо време, а дежурни ќе бидат две билетарници.

-Од 7 до 14 часот ќе работат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров. Истовремено, ве информираме дека од утре, среда (01.05.2024 год.), Жичницата ќе работи два часа повеќе од досега, односно од 10 до 20 часот. Во период од 19-19.30 часот е последно возење од долу кон врвот, односно во 19.45 часот е последно возење од врвот надолу, се наведува во соопштението.

Претходна вестНа полноќ истекува рокот за пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
Следна вест„Левица“ од Битола: Подаваме рака до ВМРО-ДПМНЕ за заедно да не ги донесеме уставните измени