ЈСП „Скопје“: Во текот на викендот нема да сообраќаат неколку линии

Најголемиот градски превозник ЈСП „Скопје“ денеска информира дека претстојниот викенд (10 и 11 април), јавниот превоз ќе сообраќа до 20 часот, а некои линии ќе бидат сопрени.

-Утре, сабота (10.04.2021 год.) нема да сообраќаат градските линии 41А и 43 и приградските линии 54, 55А и 65Б. Во недела (11.04.2021 год.) нема да сообраќаат градските линии 41А, 42, 43 и 73 и приградските линии 54, 55а, 64 а, 65Б, 118, 167 и 180, се наведува во информацијата.

Сите билетарници и центри за персонализација утре, сабота (10.04.2021 год) ќе работат од 7 до 18.30 часот. Во недела (11.04.2021 год), центрите за персонализација нема да работат, а дежурни ќе бидат три билетарници. Од 7 до 18.30 часот, отворени ќе бидат билетарниците на Зелен пазар и Транспортен центар, а билетарницата во Ѓорче Петров ќе работи до 13 часот.

Претходна вестФилипче: Преносливоста на вирусот падна под 1, но остануваме претпазливи
Следна вестМал пад на вкупниот број хоспитализирани, во Скопје има нови 67 за 24 часа