За време на денешниот изборен ден ЈСП Скопје ги информира граѓаните дека нивните услуги ќе може да ги користат според распоредет по кој сообраќаат во недела.
Во информацијата до јавноста додаваат и дека жичницата денеска нема да работи.
Од ЈСП Скопје додаваат и дека за време на денешниот ден кој е неработен, граѓаните кои имаат потреба да купат билети за користење на јавниот превоз тоа ќе можат да го сторат само во нивните дежурни билетарници кои се наоѓаат на Транспортен центар и во Ѓорче Петров.
Објектите за издавење билети ќе работат од 7 до 14 часот.