ЈСП вози по неделен возен ред

За време на денешниот изборен ден ЈСП Скопје ги информира граѓаните дека нивните услуги ќе може да ги користат според распоредет по кој сообраќаат во недела.

Во информацијата до јавноста додаваат и дека жичницата денеска нема да работи.

Од ЈСП Скопје додаваат и дека за време на денешниот ден кој е неработен, граѓаните кои имаат потреба да купат билети за користење на јавниот превоз тоа ќе можат да го сторат само во нивните дежурни билетарници кои се наоѓаат на Транспортен центар и во Ѓорче Петров.

Објектите за издавење билети ќе работат од 7 до 14 часот.

Претходна вестМакедонија бира претседател и нов парламентарен состав
Следна вестРакометарите тренираа во Торшаван, подготвени се за мечот со Фарски Острови