Јунајтед Груп денес објави дека започнува соработка со Нокиа за да ja унапреди својата мобилна мрежа базирана на cloud, со што ќе се подобрат квалитетот, капацитетот и безбедноста на мрежата, кои ќе помогнат при воведување на напредни дигитални услуги низ Југоисточна Европа, вклучувајќи и нови засилени 5G услуги за приватни и деловни корисници.
Меѓу другите мрежни производи, Нокиа нуди и софтвер за управување со критичните функционалности на мрежата, што овозможува предности како што е огромното зголемување на брзината за обезбедување на супериорно корисничко искуство, додека во исто време обезбедува и безбедност на податоците за корисниците.
Надградбите на Нокиа, исто така, ќе им овозможат на мобилните оператори на Јунајтед Груп – „Виваком“ во Бугарија и „Телемах“ во Хрватска и Словенија – да овозможат поврзување на растечкиот број уреди што бараат интернет конекција, како и сигурна мрежна конекција за поддршка на апликациите и услугите кои се критични за дигиталната трансформација на модерната индустрија.
Надградбите се дел од петгодишниот план, за кој се планирани повеќе од 900 милиони евра за инвестиции, што Јунајтед Груп, водечкиот снабдувач на телекомуникации и медиуми во регионот, ги прави за модернизација на мобилната и фиксната мрежа со цел да обезбеди супериорна поврзаност и напредни производи и услуги за милиони нови и постоечки клиенти.
Јунајтед Груп очекува развојот на мобилната конекција со Gbps, услугите базирани со ниска латентност, подобрените Интернет пакети и фиксниот безжичен пристап, да бидат клучни двигатели во наредните години и на дигитализацијата и на конкурентноста на пазарите што ги опслужува.
Подобрувањето, исто така ќе обезбеди операторите на Јунајтед Груп да можат да ги задоволат сите барања за безбедност на мрежата во секоја од нивните земји.
Договорот го продлабочува односот меѓу Нокиа и Јунајтед Групацијата откако холандската компанија претходно оваа година ја избра Нокиа да го поддржи нејзиното воведување на напредната оптичка мрежа низ Југоисточна Европа, што ќе биде најголем напредок во регионот.
Потпретседателот за технологии во Јунајтед Груп, Жељко Батистиќ изјави: „Напливот на поврзани уреди и сите барања што ги имаат корисниците на мобилните телефони денес бараат моќна безжична мрежа која што може да пренесе голем обем на податоци брзо, сигурно и со многу мала латентност. Со поддршка на Нокиа, ја градиме најдобрата мобилна мрежа во Југоисточна Европа, фокусирана на квалитетот, перформансите и иновациите на производите. Инвестициите што ги правиме – и во мобилните и во фиксните мрежи – ќе гарантираат дека корисниците на Јунајтед Групацијата секогаш ќе имаат пристап до најдоброто што може да го понуди нашата индустрија“.
Микко Лаванти, потпретседател и раководител за Централна Европа и Централна Азија во Нокиа, вели: „Нокиа е среќна што дополнително ја поддржува силната позиција на пазарот на Јунајтед групацијата во Југоисточна Европа. Водечкото пазарно портфолио на Нокиа продолжува да ја покажува својата големина, сигурност и иновација користејќи вистински cloud капацитети и централизирано или дистрибуирано распоредување. Со нетрпение очекуваме да обезбедиме супериорни перформанси за Јунајтед Групацијата и нејзините клиенти “.
Основните промени ќе бидат воведени првично на cloud, за мрежите 3G, 4G и 5G на Јунајтед Груп, почнувајќи од третиот квартал оваа година.
За Јунајтед Груп
Јунајтед Груп со седиште во Холандија е водечки телекомуникациски и медиумски оператор во Југоисточна Европа. Активна во осум земји, компанијата има приближно 11 милиони корисници и речиси 14.500 вработени. Јунајтед Групацијата има најширока мрежна покриеност во регионот и им нуди на корисниците најатрактивен избор на ТВ -содржини од целиот свет. Значајните инвестиции во дигитална инфраструктура, содржина и технологија обезбедуваат извонредност на производите и услугите што ги обезбедува на клиентите. Јунајтед Груп е во мнозинска сопственост од BC Partners, една од најголемите глобални инвестициски компании, од март 2019 година. Инаку, во рамките на Јунајтед Груп, водечкиот телекомуникациски и медиумски оператор во Југоисточна Европа, во С. Македонија работи компанијата Тотал ТВ.
За повеќе информации, посетете ја https://united.group и http://www.unitedmedia.net