Привремено се прекинати плановите на здравствените работници од првите редови во борбата против корона вирусот во Јужноафриканска република да им се даваат вакцините изработени од Универзитетот во Оксфорд и компанијата „АстраЗенека“.
Земјата одлучи ова да го направи откако клиничките испитувања покажаа дека вакцината на „АстаЗенека“ не е ефикасна во спречување на лесните до умерени инфекции на јужноафриканскиот вид на корона вирусот.
-Вакцината на „АстраЗенека“ делива ефикасно само против оригиналниот сој, но не и против оваа варијанта, рече министерот за здравство Звели Мехизе.
Вакцините на „АстраЗенека“ во март треба да бидат испорачани и во Македонија преку Ковакс-механизмот на Обединети нации. За наша земја се предвидени помеѓу 103.200 и 175.200 дози од оваа вакцина заклучно со вториот квартал годинава. Од нив, околу 35 отсто треба да пристигнат во првиот, а останатите во вториот квартал од годината. Тоа значи дека од вакцината АстраЗенека во првите три месеци од годинава би можеле да се очекуваат минимум 36.120 дози за спроведување на вакцинирањето на населението. Неколку земји решиja оваа вакцина да не им се дава на лицата постари од 65 години, а таква одлука донеле и македонските здравствени власти.
Прелиминарните податоци за вакцината „Ковидшилд“, развиена од Универзитетот во Оксфорд и фармацевтската компанија „АстраЗенека“, сепак, покажаа дека таа обезбедува ограничена заштита од послабата форма на јужноафриканскиот сој на коронавирусот. Би-Би-Си пренесува дека шведската фармацевтска компанија се уште не утврдила дали вакцината штити од појаката форма на Ковид-19, предизвикана од позаразниот јужноафрикански сој на вирусот.