Каде ли брзаа во недела: 283 казнети возачи, 95 за брзо возење

 

Вчерашниот викенд-ден не значеше и намалување на бројот на сообраќајните прекршоци на скопското подрачје. Напротив, се чини дека скопските возачи се надминаа во правењето на сообраќајните прекршоци. Тоа го покажува и вчерашниот извештај на МВР за акциските контроли.

-На територија на град Скопје изречени се вкупно 283 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 95 санкции, 45 мерки за возење под дејство на алкохол, 41 санкција за возење без возачка дозвола, се наведува во редовниот извештај.

Изречени се 15 мерки за користење мобилен телефон, 16 санкции за некористење сигурносен појас, 12 мерки за возач почетник, седум санкции за нерегистрирани возила, пет мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)…

МВР предупредува дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

-Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, потенцираа од полицијата.

Претходна вестЗагина кумановец, пожар од нива се проширил и ја зафатил неговата куќа
Следна вестСончево и студено време, темепература до 13 степени