Каде „пропадна“ Националната платформа, како на настава од септември?

Не стивнува револтот кај родителите и наставниците во врска со наметнатата реформа за дигитализација во образованието. Денеска е најавен протест во градовите низ цела Македонија организиран од граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“.

Во меѓувреме, додека дигитализацијата е тема број еден, како да паднаа во втор план други бројни проблеми во образованието. Па така остануваат нерешени неколку многу важни работи, кои пак од друга страна, се сериозен аларм дека системот не може да функционира квалитетно:
– Никој никогаш не објасни што се случи со т.н. Национална платформа за учење на далечина која крахираше на неколку дена откако почна наставата онлајн.
– Што ќе биде од септември? За што се подготвуваат надлежните? За враќање на училиште или повторно за учење на далечина? Веќе е месец јуни а новата учебна година почнува од септември…
– Прави ли било какви анализи министерството за образование за тоа колку реално децата се оштетени од досегашната онлајн настава и каде се недостатоците…

Отворени прашања има уште многу, како што е проблематичното спојување на школски предмети, но ниту еден одговор. Но затоа пак од министерството се игнорира секое укажување и се тера по план кој скоро никој не го прифаќа.

Претходна вестГолем пожар во Чаир, 8 пожарникарски возила се борат со огнените јазици
Следна вестПретпладне сончево со умерена облачност, попладне дожд и грмежи