Прво во август минатата година го снема едниот легнат полицаец, а деновиве снема и неколку негови „другари“ кои беа поставени кај „Мајчин дом“ и основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ во Аеродром. Каде ли шетаа легнативе полицајци?
Сега, практично, она што останало од нив воопшти не и служи на намената да го забавуваат сообраќајот на ова прометно место. Возилата ги поминуваат брзо лесно заобиколувајќи ги оние што останале да лежат.
Очиглено, на оваа сообраќајница освен „легнатите“ добро ќе дојде и почесто присуството на исправените сообраќајни полицајци