Кадетите ја прегазија Украина на првиот меч на ЕП

Македонската кошаркарска репрезентација до 16 години оствари убедлив триумф над Украина од 96:68 во првиот натпревар на Европското првенство „Б“ дивизија што се одржува во Скопје.

Нашите млади играчи комплетно го надиграа противникот во СРЦ „Кале“, средба во која одиграа квалитетно на двете страни на теренот, офанзивно и дефанзивно. Веќе по првите две четвртини имавме позитива од 49:28 по што стана јасно дека сме во одлична позиција да дојдеме до стартна победа на турнирот.

Третиот период исто го добивме со 10 разлика со што само ја потврдивме доминацијата.

Цветковски беше наш лидер со 22 поени, одличен беше и Данев со дабл-дабл од 14 поени и 11 скокови.

Во второто коло наш ривал ќе биде Шведска која денеска ја реши Австрија со 100:73.

Претходна вестМигрант од Мароко повреден од струен удар кај Гевгелија
Следна вестАЦВ за инцидентот со Османи: Аеродромската служба постапила правилно, заслужуваат извинување