Каевски: Само ВМРО-ДПМНЕ и Левица се против ЕУ

Откако се распадна коалицијата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса, сега Христијан Мицкоски и Димитар Апасиев остануваат сами и изолирани во антиевропската агенда. Само ВМРО-ДПМНЕ и Левица се против ЕУ, изјави денеска Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.

На партиската прес-конференција тој ја повика најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ да се откаже од насилството.

-Собранието, храмот на демократијата е вистинското место за одлука околу заклучоците за последниот европски предлог за почеток на преговорите со ЕУ. Потребна е одговорност и мудрост од сите пратеници, ова е надпартиско прашање. Тоа што ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски бегаат од дебата за вакво важно прашања за иднината на нашите граѓани и нашата држава покажува дека се плашат од вистината, се плашат дека ќе пропаднат сите нивни лаги и измислици. Со последниот европски предлог имаме чист македонски јазик во ЕУ, без додавки и фусноти, македонскиот идентитет е целосно заштитен , а историските прашања не се дел од преговарачкиот процес, потемцира Каевски.

Каевски порача ВМРО-ДПМНЕ „да не бега туку да учествува во дебатата во Собранието а дотогаш да се откаже од блокадите, деструкциите и крвавите сценарија со проруската Левица“.

-Апасиев вчера и јавно повика да не бидеме членка на ЕУ и уште еднаш го потврди дејствувањето за туѓи интереси. По ваквите изјави на неговиот коалициски партнер, Мицкоски треба да излезе пред граѓаните и да соопшти дали и тој се залага за членство во Евроазиската унија, и дека не треба да бидеме дел од ЕУ? Дали е ова причината што ВМРО-ДПМНЕ сака да побегне од дебата во Собранието за ова прашање?, праша Каевски.

Претходна вестАпасиев: Со сите алтернативи треба да играме, а во ЕУ само како Македонци
Следна вестВо Бутел украдени капаци на шахти, опожарени шахти и цевки