Запленети 50 килограми марихуана и приведен дилер е резултат на вчерашна полициска акција. Настанот се случил во неготинскиот регион.
МВР соопшти дека во рамките на засилените мерки и активности за сузбивање на нелегалната трговија со наркотици, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, единицата за недозволена трговија со дрога во координација со СВР Велес и ОВР Неготино, на 5 ноември на подрачје на с. Дуброво, неготинско, по претходно добиена судска наредба, извршија претрес на дом и други простории кај Е. Е.(29).
-При претресот во помошни простории кои ги користел Е.Е. пронајдени се околу 50 килограми марихуана. Тој е приведен, а по документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави, соопшти полицијата.