Приведено лице кое се терети за кражба во автомобил. Имено, полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Карпош го лишиле од слобода Р.Џ.(33) од Скопје, поради постоење основано сомнение дека извршил кривично дело „тешка кражба“ во патничко моторно возило.
-Кај Р.Џ. биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривичното дело, а при негово легитимирање приложил возачка дозвола на име С.Р., бидејќи имал забрана за управување на моторно возило до 2022 година, посочуваат од Министерството за внатрешни работи.
МВР соопштува дека лицето е приведено и задржано во Полициска станица Карпош, а по документирање на случајот против него ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.