Пронајдено разен тип на оружје во атарот на село Блаце, во близина на границата со Косово. Акцијата за пронаоѓање ја извршиле полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција и Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и СВР Скопје .
Како што соопшти МВР, полицијата ја извела акцијата по претходно добиени информации дека во Блаце има закопано разновидно оружје и муниција кои потекнуваат од 2001 година.
На посоченото место биле пронајдени две зољи, еден РПГ7, три гранати за РПГ7, нишанска справа, две барутни полнења за РПГ7, девет парчиња муниција 7,62×54 R и два реденика кои биле закопани во земја. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.