Спречен е шверцот на мигранти кај гевгелиското село Мрзенци, соопшти денеска МВР. На регионалниот пат од село Мрзенци кон село Прдејци, вчера во 14.00 часот полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин и Граничен надзор “Богородица“ дале знак за запирање на патничко моторно возило „форд мондео“ со германски регистарски таблички, но возачот не запрел и се упатил во правец на Прдејци.
-По преземени мерки, возилото набрзо било пронајдено и при преглед во истото и пребарување на теренот, биле пронајдени четири лица мигранти од Сирија, додека возачот се дал во бегство, се наведува во информацијата.
Известен бил Јавен обвинител и се работи на расчистување на случајот.