Момче смртно настрада во сообраќајна несреќа која што се случила денеска околу пладне во Велес. Според првичните созанија, 21-годишното момче Т.И. било прегазено од воз кој сообраќал на линијата Гевгелија – Скопје пред новиот мост „Гемиџии“. Се уште нема официјални информации како дошло до несреќата. Службата за итна медицинска помош подоцна можела само да констатира смрт.
Екипи на СВР Велес и јавен обвинител вршат увид на местото на настанот.