Како да се преживее со минималец кога синдикалната кошничка е над 500 евра?

За да се наполни една тнр. синдикална минимална кошничка во јануари годинава биле потребни 33.650 денари.

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) каде ја пресметуваат нејзината вредност, велат дека на рана и пијалоци отпаѓаат 14.021,96 денари, на домување 10.817,34, на хигиена 2.375,68, на превоз 2.483,93, на облека и обувки 2.157,25, на култура 1.067,86, додека на одржување на здравјето 726,25 денари.

Врз основа на Државниот завод за статистика, просечната нето-плата во ноември лани била 27 588  денари, а и тогаш вредноста на синдикалната минимална кошничка беше приближно иста –  33.742,10 денари.

Сега се поставува прашањето: Во вакви услови, како да се преживее со минималната плата според Законот за минимална плата (Службен весник 75/20), таа од април 2020 до март 2021 година е проектирана на  14.900 денари?

Претходна вестДневна ковид-статистика: Висока бројка на починати – дури 9, а помала на новозаразени – 51
Следна вестШестмина кавадарчани два дена биле завеани во прилепско село – напладне се извлечени живи и здрави