Министерството за здравство во Секторот за компјутерски криминал во МВР го пријавило домеинот vaksajns.mk кој од вчера создаде забуна кај граѓаните за тоа каде треба да се пријават за вакцинација против ковид-19.
Од МЗ велат дека се работи за упад на официјалната страница на Mинистерството и посочуваат дека единствената веб страница на која граѓаните преку пополнување на апликација искажуваат интерес за вакцинација против ковид-19 е www.vakcinacija.mk.
Домеинот vaksajns.mk внесе дополнителна забуна, особено кај оние кои вчера со часови се обидуваа да се пријават на страницата vakcinacija.mk креирана за оваа намена, која поради технички проблеми бавно ја вршеше регистрацијата.
Од МЗ денеска соопштија дека досега 23.924 се пријавиле преку онлајн аликацијата за вакцинирање.
Освен на овој начин, пријавувањето за вакцинирање ќе може да се врши и преку матичните лекари преку системот „Мој термин“.