Колумна на Габриела Арсова:
Се сеќавате на кампањата „Знаењето е сила, знаењето е моќ“? Ух! Минаа повеќе од 10 години одтогаш!Целтана кампањата беше да се зголеми свеста кај граѓаните за важноста на образованието.Мотивот беапоразувачките податоци за степенот на образованост на македонските граѓани…На почетокот на учебната 2009/10 година МОН задоволно објави: Од вкупниот број на завршени осмооделенци, оваа година 95% се запишаа во средно училиште… 85% оваа година се запишаа на факултет… Резултатите?! Да не речам – последиците?!?
Од сите идилични слики во кампањата за успешност во животот благодарение на високото образование логично, барем за некои од нас, беше и стравувањето дека по некое време ќе ни се случи филмот кој не сме сакале да го гледаме и ќе ни се случи да посакаме да го вратиме времето назад…
Навираа безброј прашања… Ако сите овие млади луѓе дипломираат, дипломираните магистрираат, а при тоа и бројот на невработените е доволно големкадеи што ќе работат тие? Како ќе се реализираат? Ќе го доживеат ли шокот низ кој ние минавме на почетокот на 90-тите кога пропаднаа големите системи и великите ни амбиции за успешни инженери? Зошто се форсираат младите луѓе да студираат по секоја цена? Што е тоа што ги прави атрактивни техничките факултети како новина во кампањата?Што се сменило во меѓувреме, а ние не сме разбрале?
Во тоа време не знаевме на што ќе се сведе високото образование и чинам не стравувавме дали и колку ќе биде квалификуван и учен високостручниот кадар. На памет не ни доаѓало дека може да се произведе тоа што се произведува како кадар.Вчудоневиденоста беше во друг правец… Високостручен кадар ли ќе ора, сее, бере по нивите? Кој ќе ги одгледува раноградинарските култури? Високостручен кадар ли ќе ги пасе овците, кравите, козите? Ќе учествува ли во директното производство на млечни производи?Дипломиран лекар ќе биде во улога на хигиеничар на свој колега? Стоматолог техничар на стоматолог? Од друга странана сите ни беше јасно дека секогаш ќе има потреба од чувари, возачи,градинари, секогаш ќе бидат потребни медицински сестри, лаборанти, молери, сточари, земјоделци, техничари, секогаш ни требаат козметичари, фризери….и многу други профиликои се суштествено важни за функционирање на општеството, кои заслужуваат полн респект и се дел од целото. А денес најактивно се иселуваат…исчезнуваат од нашево општество. А овде воопшто и не го поставувам прашањето: каков е квалитетот на образованието?
До каде стигнавме? Стигнавме до стресови, фрустрации, депресии на сите нивоа…Стигнавме до очекувања без можност за реализација, стигнавме до иселување на се што е квалитетно…Си го гледаме ифилмот кој ниту еден родител со сигурност не би сакал да го гледа за своето дете.. Си ја гледаме сопствената тажна иднина веќе преточена во сегашност.
И што е најтажно заборавивме Се забораваме преку ноќ! Ретко кој се сеќава што се случи… Посакавме ли да го вратиме времето назад? Чинам не ! Не се ни обидуваме да го подзапреме. Видно по сепоголемиот број факултети, универзитети… И понатаму цели генерациите дипломираат. Дипломираат и на факултети каде се стекнуваат со секакви новоизмислени професии кои и нема каде да се вградат во општеството.Јасно е дека нема ни кој да не праша зошто не сме ги предупредилеи зошто сме дозволиле…
И да… знаењето е сила, знаењето е моќ! Но, тоа ми е следната тема…