Најдобриот тенисер во историјата, Новак Ѓоковиќ, повторно ја воодушевува публиката. Овој пат во егзебициски натпревар пред почетокот на тенискиот грен-слем Ју-Ес Опен.
Имено, вчера Ѓоковиќ одиграл егзибициски дубл меч, во кој му бил партнер на легендарниот Џон Мекинро, а од другата страна на мрежата биле други две легенди – Карлос Алкарас и Андре Агаси.
Публиката уживала во одличните потези на извонредните тенисери. Во еден момент Агаси го прашал Ѓоковиќ:
– Како тоа никогаш да промашиш.
– Се чуствувам подобро пд кога го освоив златото на Олимпијадата, одговорил српскиот ас.
На крајот српско-американскиот тандем победил со 10:8.
Признание за големината на Ѓоковиќ пред целата публика дал и Мекинро:
– Ти благодарам што си дел од овој спорт, порачал тој.
За потсетување, Новак деновиве ќе почне со настап на Ју-ес Опен каде ќе се бори за рекордниот 25-ти грен-слем трофеј.