Калајџиев: Груби не можел да биде приведен при преминување на границата без судска одлука

И власта и опозицијата бараат од Министерството за внатрешни работи да даде јасен одговор како е можно поранешниот вицепремиер Артан Груби да ја напушти Македонија и да замине во Косово.

Вчера, МВР соопшти дека се преземени дисциплински мерки за двајца полициски службеници од граничниот премин „Долно Блаце“ во врска со преминувањето на Артан Груби на државната граница. Едниот, полицискиот службеник Б.Ј., според МВР, со своето несовесно работење не извршил адекватни проверки на патничкото возило „мерцедес“ со кое се превезувал Груби и не го евидентирал за остварување излез од државата. Патниците од предметното возило, А.П. со дипломатска патна исправа како возач и А.Г. со македонска патна исправа како совозач, полицискиот службеник Б.Ј. ги завел дека пешки ја поминале границата.

Вториот полицискиот службеник кој добил дисциплинска мерка, е раководителот на смена Б.А. Како што информира МВР, Б.Ј. е воедно суспендиран до завршување на дисциплинската постапка.

По тој повод, се огласи универзитетскиот професор Гордан Калајџиев, кој вели дека не било возможно Груби да биде уапсен на границата со Косово.

-Груби не можел да биде приведен при преминување на границата без судска одлука. Полициските мерки како „стоп листа” или распис се во спротивност со Уставот и ЗКП!, пишува Калајџиев.

Претходна вестНамалена видливост на патниот правец Жеровјане-Групчин
Следна вестВучиќ не коментира написи на српски медиуми дека во следните два месеца ќе поднесе оставка