Калин Ивановски елиминиран на стартот од турнирот во Полска

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски доживеа елиминација на стартот од челенџер турнирот во Полска. Тој не успеа во дуелот со квалификантот, Мариуш Цопил од Романија.

Романецот беше подобар и славеше со 2:1 во сетови.

Цопил го доби првиот сет со 6:4, а потоа Ивановски возврати силно и експресно го комплетираше вториот сет со 6:1 во гемови. Но, третиот сет повторно загуби свој сервис и на крајот Цопил го доби со 6:4 во гемови.

Претходна вестВодата во Струга забранета за пиење
Следна вестДве деца нападнати во Аеродром и во Карпош