Калин Ивановски избори финале на турнирот во Австрија

Најквалитетниот македонски тенисер, Калин Ивановски обезбеди место во големото финале на ИТФ фјучерсот што се игра во Крамзах (Австрија). Тој во денешното полифинале го победи четвртиот носител Матис Ерард од Франција со 2-1 во сетови.

Французинот ја доби првата битка со 6-4, но ова како да донесе дополнителна мотивација кај Калин кој во продолжението го разби противникот со 6-2 и 6-2 за пласман во завршниот меч на турнирот кој се игра на земјена подлога за награден фонд од 25.000 американски долари.

Ивановски ќе има шанса да дојде до вториот пехар во 2023 година по оној во Скопје, ривал ќе му биде подобриот од мечот Оливер Крафорд (прв носител) и Џерард Кампана Ли.

Претходна вестКучиња-скитници искасаа три лица во Ѓорче Петров и во Гази Баба
Следна вестПротест на земјоделците од Овче Поле: Калиманци прелива ние немаме вода за наводнување