Камионџија од Украина пронајден починат на Табановце

Пронајдено тело на починат маж на Табановце. Имено, вчера околу 11.00 часот во СВР Куманово било пријавено дека на паркинг на царинската испостава Табановце, покрај товарното возило кое го управувал, бил пронајден починат И.К.(66) од Украина, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.

Претходна вестТревата ја обрасна Владата не знаејќи дека Џафери и Арсовска имаат проблем
Следна вестКривична пријава за скопјанецот кој предизвика пожар на мостот „Беласица”