„Мој труд, мои права!“. Со вакво мото од денеска ќе се развива свеста кај младите кои се во средно или високо образование за работничките права и нивната примена кога во иднина ќе бидат дел од работната сила.
Таргет на шестмесечната кампања се и сите вработени лица од сите професии, лицата што бараат вработување, како и работодавачите за нивните права и обврски кои произлегуваат од трудовото законодавство.
Преку активности на различни медиуми – социјални мрежи, интернет портали, радио, печатени материјали…, ќе се информира дека борбата за своите права може да ја води само оној кој е добро информиран и запознаен со нив.
Идејата доаѓа од Економско-социјалниот совет, во соработка со проектот на Меѓународната организација на трудот, финансиран од Европската Унија.
Информациите се однесуваат за платата, за работно време, отсуствата, безбедноста и здравјето при работа, дискриминацијата, мобингот, социјалната сигурност и решавањето на спорови.