Попис 2021: Власта почнува координација, опозицијата собирање потписи

Претседателот на државата, на Собранието и премиерот, заедно со министрите за правда и за локална самоуправа, претседателот на Заедниците на локална самоуправа и првиот човек на Државниот завод за статистика утре ќе ја имаат првата координација за претстојниот попис.

Како што најавија од Државниот завод на средбата ќе присуствуваат и сите градоначалници.

Ова е прва средба на државните и локалните функционери откако Собранието минатата недела го донесе Законот за попис со што тој е закажан за април.

Законот не доби „зелено светло“ од опозицијата која најверојатно од следната недела почнува со собирање граѓански потписи за поништување на Законот. Им требаат најмалку 10 000 потписи за поднесување предлог – закон за да се спречи спроведување на Законот.

Нивното образложение е дека онака како што е проектиран пописот, наместо статистичка станува политичка операција.

Едно од клучните нивни барања беше тој да се спроведува и со отисок од прст, што не беше прифатено од  власта.

Претходна вестНови 336 случаи со ковид, меѓу 10 починати е и скопјанец на 53 години
Следна вестУгостителите до Владата: Ако нема суштинска средба, нема само да се сликаме