Ковид-19 во Скопје: 15 лица со компликации примени во болница

Во изминатите 24 часа, во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 15 нови пациенти поради компликации од корона вирусот, со што вкупниот број на оние кои се лекуваат или се сомнителни на ковид -19 е 245 лица.
Најмногу од новопримените – 10 се во ГОБ „8 Септември“. Исто така, во изминатите 24 часа дома се пуштени 21 оздравен пациент.
Вкупниот број на болнички згрижени пациенти со ковид во Македонија е 579.
Од Министерството за здравство оценуваат дека бројот на приеми во изминативе денови е стабилен.
Претходна вестПочна ли да се одмотува клопчето за „Јавна соба“ – две лица се приведени
Следна вестКампања: Борбата за права можат да ја водат само оние кои се добро информирани за нив