Кампања: Борбата за права можат да ја водат само оние кои се добро информирани за нив

„Мој труд, мои права!“. Со вакво мото од денеска ќе се развива свеста кај младите кои се во средно или високо образование за работничките права и нивната примена кога во иднина ќе бидат дел од работната сила.

Таргет на шестмесечната кампања се и сите вработени лица од сите професии, лицата што бараат вработување, како и работодавачите за нивните права и обврски кои произлегуваат од трудовото законодавство.

Преку активности на различни медиуми – социјални мрежи, интернет портали, радио, печатени материјали…, ќе се информира дека борбата за своите права може да ја води само оној кој е добро информиран и запознаен со нив.

Идејата доаѓа од Економско-социјалниот совет, во соработка со проектот на Меѓународната организација на трудот, финансиран од Европската Унија.

Информациите се однесуваат за платата, за работно време, отсуствата, безбедноста и здравјето при работа, дискриминацијата, мобингот, социјалната сигурност и решавањето на спорови.

Претходна вестКовид-19 во Скопје: 15 лица со компликации примени во болница
Следна вестАко Телеграм не ја избрише „Јавна соба“ апликацијата може да биде блокирана во земјава