Home АКТУЕЛНО Кампања против напуштање на миленици

Кампања против напуштање на миленици

0

JП Лајка и ЗОО Скопје со поддршка од Градот Скопје од денеска започнуваат заедничка кампања со цел подигање на свеста против напуштање на милениците и одговорно сопствеништво.

-Од денот кога ќе земете миленик, тој станува дел од семејството, бара секојдневна грижа, внимание и љубов кои ќе траат со години. Многупати сме биле сведоци на напуштање на милениците или несоодветно вдомување кои резултираат со многу бездомни кучиња и мачки на улиците, но и со многу зајчиња, папагали, желки донесени во ЗОО Скопје, порачуваат тие во кампањата.

Целта на кампањата „Нашите миленици се наше семејство, не ги напуштајте!” е да се едуцираат граѓаните кои чуваат миленици што значи одговорно сопствеништво, низ колкав стрес поминуваат напуштените животни и зошто е добро децата да растат со миленик кој е дел од семејството.

Во кампањата ќе се вклучат и познати јавни личности кои се љубители на животните, а во следните фази се планирани и часови по емпатија во училиштата каде што како предавачи ќе се вклучат вработени од ЈП Лајка и ЗОО Скопје, како и активисти од здруженијата за заштита на животните.