Канадскиот премиер Џастин Трудо објави дека ќе се повлече од лидерската позиција во владејачката Либерална партија, но ќе остане на функцијата додека партијата не избере нов лидер. Трудо беше под голем притисок од либералните пратеници да поднесе оставка откако анкетите покажаа дека партијата ја очекува голем пораз на следните избори.
На денешната прес-конференција, Трудо кажа дека парламентот ќе се распушти на 24 март. Тоа значи дека Трудо и натаму ќе биде премиер на 20 јануари, кога Доналд Трамп ќе се врати во Белата куќа и се закани дека веднаш ќе воведе високи царини за Канада, што би можело да биде многу штетно за нејзината економија.
„Планирам да поднесам оставка како шеф на партијата и премиер откако партијата ќе избере нов лидер низ национален натпреварувачки процес. Оваа земја заслужува вистински избор на следните избори. Јасно е дека јас би се соочил со внатрешни битки и затоа веќе не сум најдобрата опција“, изјави Трудо.
Тој стана премиер во ноември 2015 и потоа уште двапати беше реизбран, со што е канадски премиер со најдолг стаж. Сепак, неговата популарност почна да паѓа пред две години како резултат на јавното незадоволство од високите цени и кризата на домувањето и никогаш не го поврати некогашниот углед.
Анкетите велат дека Либералите ќе доживеат тежок пораз од Конзервативците на изборите, што мора да се одржат најдоцна до октомври.
„Време е за ресетирање и да се спушти температурата во канадската политика“, кажа Трудо.