Караџовски и Комисијата проверуваа дали пратениците може да се вратат во пленарната сала

Членови на Комисијата за заразни болести денеска беа во посета на Собранието, за да извршат контрола, дали салата во која се одржуваа седница до пред почетокот на пандемијата, е безбедна за пратениците повторно да се вратат таму.

Тие денеска имаа средба со претседателот на парламентот, Талат Џафери, кој минатата недела најави дека од 8 јуни седниците ќе почнат да се одржуваат во старата пленарна сала, која, не е во функција од август минатата година.

Ова Џафери го потврди на социјалните мрежи.

-Денеска имав средба со претседателот и претставниците на Комисијата за заразни болести коишто извршија контрола на салите и помошните простории, за да се констатира дали се исполнети сите услови Собранието да почне да ги одржува пленарните седници во салата Македонија, со почитување на мерките за заштита од ковид – 19, согласно новите препораки на Владата, откако службата, пратениците, обезбедувањето и другите секојдневно присутни во Собранието го завршија процесот на имунизација, објави Џафери.

Претходна вестПовеќе опции со новата верзија на мобилната апликација на „Паркинзи на Општина Центар“
Следна вестМерките ги олабавија, а Македонија ја оставија на последните резерви вакцини