Власта нема намера да ги прогласи Красимир Каракачанов и други личности кои беа дел од провокацијата во Битола за персона нон грата во Македонија. Според министерот за надворешни работи тоа не би било во корист на земјава, туку во корист на наративот што бугарската страна го шири во светот, дека во Македонија се води антибугарска политика и се кршат човековите права.
-Најлесно ми е мене да излезам и да кажам се најлошо, вие ќе пишете добри текстви и граѓаните ќе кажат браво, но тоа е со краток здив, истакна Османи.