Касаноф: САД силно ја поддржуваат Македонија во интеграциите и борбата со корупцијата

САД сериозно ја сфаќа борбата со корупцијата во Македонија, порача американскиот заменик помошник државен секретар Александар Касаноф, по средбата со премиерот Христијан Мицкоски. Иако не споделува детали и имиња вели дека приоритет останува и црната листа како дел од битката со корупцијата.

Касаноф порача и дека САД веруваат во искрените заложби на македонската влада за спроведување на реформите и затоа поддршката нема да прекине.

Премиерот ја оцени како продуктивна средбата со Касаноф и поддршката за интеграциите. Уверува дека Владата работи на реформите кои ќе обезбедат владеење на право, транспарентност и ефикасност на институциите.

Детали дали се можни промени во ставовите на новата американска администрација не сакаше да споделува, но вели САД ги препознаваат предизвиците со кои се соочи Македонија за да стане членка во НАТО и тие што се барат сега од нас за членство во ЕУ.

Претходна вестМуцунски со заменик помошникот државен секретар на САД, Касаноф: потврдена поддршката за напорите на Македонија во процесот на интеграција во ЕУ
Следна вестЈавното обвинителство поведе истрага против лицето кое подметна четири пожари во Куманово