Кавадарчанец предизвикал пожар во сопствениот стан, но кога дошле пожарникарите да го гасат бил агресивен кон нив. Од Секторот за внатрешни работи Кавадарци информираат дека во саботата вечер во 20.00 часот полициски службеници од ОВР Кавадарци го привеле кавадарчанецот И.П.(65), по претходна пријава од негов сосед.
Според пријавеното, тој предизвикал пожар во сопствениот стан каде што било интервенирано од Територијална против пожарна единица Кавадарци и истиот агресивно се однесувал.
Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.