Големо невреме синоќа го зафати Кавадарци и околината. Силните врнежи предизвикаа поплавување на голем број на куќи и објекти.
Службите на Ј.П. Комуналец Кавадарци и покрај интензивното невреме од дожд кое го зафати Кавадарци, работат на чистење на патот во Катуниште, Бошавијата, Моклиште, Глишиќ и многу други локации во Тиквешијата на кои постои опасност од одрони. Се замолуваат граѓаните да бидат внимателни, објави на својот ФБ градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.
Вчера невреме имаше и во Прилеп и Охрид и регионот.