Оперскиот бисер „Кавалерија рустикана” на 28 јануари ќе биде изведена на сцената на МОБ. Ова оперско дело ја преставува трагичната приказна за љубовта, страста, честа и одмаздата. Ова е едно од најзначајните остварувања на италијанскиот композитор Пјетро Маскањи и останува една од најизведуваните светски наслови како кај нас така и во светот.
Изведбата ќе биде под диригентската палка на Иван Еминовиќ, во режија на Џандоменико Вакари (Италија). Во изведбата ќе учествуваат: солистите, хорот и оркестарот на МОБ.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: