На територија на град Скопје вчера биле изречени вкупно 271 санкции, од кои 38 се за возење без возачка дозвола, а 32 за технички неисправни и нерегистрирани возила. Ова го соопшти денеска МВР.
Како што се наведува во инфорамцијата, изречени се и десет мерки за управување возило под дејство на алкохол, четири санкционирани мотоциклисти, како и 41 мерка за непрописно паркирани возила.
-Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, се наведува во соопштението на МВР.