Казнети 11 возачи кои зборувале на мобилен телефон, 12 возеле без дозвола

Возење и зборување на мобилен телефон и натаму е чест прекршок што го прават возачите на скопското подрачје. Вчера таква санкција „заработиле“ вкупно 11 возачи. Но, не заостанувале и другите прекршоци.

-На територија на град Скопје изречени се вкупно 135 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 22 санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за недавање првенство на минување на пешаци и осум санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло)…, соопшти денеска МВР за вчерашните контроли на скопските сообраќајници.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

 

Претходна вестOблачно и студено со повремени врнежи од дожд
Следна вестСе зголемува бројот на дојавите за бомби, утрово стасале во 15 скопски училишта