Казнети 114 возачи во Скопје, 13 возеле без возачка

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (03.06.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 114 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 13 санкции, седум мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, шест санкции за користење мобилен телефон при возење.

Изречени се четири мерки за некористење сигурносен појас, пет санкции за непрописно престројување при возење…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

-Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ: СДС целосно да се реформира
Следна вестКоцевски: Мотивот за убиството на Вања е јасен, детали не се откриени за да не се вознемири јавноста