На територија на град Скопје вчера се изречени се вкупно 127 мерки, соопшти денеска МВР.
Меѓу нив за возење повеќе од дозволената брзина 17 санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола и 10 санкции за возење под дејство на алкохол.
-Изречени се 10 мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет санкции за непрописно престројување на возила, две мерки за нерегистрирани возила…, се наведува во информацијата.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.