Казнети 128 моторџии, одземени 11 мотоцикли

Засилена контрола на возачите на моторцикли вчера извршила полицијата на целата територија на Македонија при која се изречени санкции на 128 возачи.

МВР соопшти дека најмногу санкции имало за некористење на заштитни кациги, а одземени биле и 11 мотори.

-Од санкционираните, 34 возеле без возачка дозвола, 69 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 11 мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци, се наведува во соопштението.

Полицијата уверува дека контролите продолжуваат и во наредните денови.

Претходна вестТестови за антитела за ковид само приватно – освен ако не е специфичен случај
Следна вестЗаев, Села и Гаши пак објавија дека се договориле за државјанствата, но не кажуваат детали