Казнети 128 возачи во Скопје, 76 за брзо возење

Во рамки на контролите во областа на сообраќајот во текот на вчерашниот ден од Секторот за внатрешни работи Скопје на теририторијата на градот изречени се вкупно 128 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 76 санкции. Изречени се и седум мерки за возење без возачка дозвола и по три мерки за нерегистрирани возила, за некористење сигурносен појас, и за користење мобилен телефон при возење.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. од МВР апел до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за поголема безбедноста во сообраќајот и посигурни патишта.

Претходна вестМакедонците живеат во сопствени домови Швајцарците и Германците во изнајмени
Следна вестУапсен крадец, бил затекнат од полицијата при кражба во стан