Во сообраќајни контроли вчера во Скопје извршени од Секторот за внатрешни работи Скопје биле казнети 136 возачи. Како што информира Министерството за внатрешни работи, 17 од нив се санкционирани поради возење со брзина поголема од дозволената, шест поради немање возачка дозвола, седум за користење мобилен телефон при возење, шест за некористење сигурносен појас…
МВР укажува дека сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредните денови и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.