Вкупно 139 санкции на недисциплинирани возачи изрекла полицијата во текот на вчерашните контроли на скопското подрачје.
-Меѓу нив за возење повеќе од дозволената брзина се 39 санкции, 12 мерки за користење мобилен телефон, шест мерки за возење под дејство на алкохол, седум санкции за возење без возачка дозвола, осум за технички неисправни и нерегистрирани возила, 47 за непрописно паркирање…, се наведува во денешната информација на МВР.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.
-Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, предупредува полицијата.