Казнети 139 возачи, осум од нив возеле пребрзо

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 139 казни.

– За возење повеќе од дозволената брзина осум санкции, шест мерки за возење без возачка дозвола, 17 санкции за прекршоци што ги прават пешаците, седум мерки за користење мобилен телефон при возење, информираат од МВР.

Од МВР апелираат да се вози внимателно.

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ: Власта да запре со предизборните вработувања
Следна вестСДСМ: Зад сите одлуки на Касами во Тетово стои ДПМНЕ