Казнети 168 возачи во Скопје, 24 без возачка

Полицијата вчера казни 168 возачи во Скопје, од кои 24 возеле без возачка дозвола, соопшти Министерството за внатрешни работи.

„На територијата на град Скопје изречени се вкупно 168 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 20 санкции, 24 за возење без возачка дозвола, осум прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли. Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон, осум за непочитување на првенство на минување, 62 за непрописно паркирање“, велат од МВР.

Од таму најавија дека засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат.

Претходна вестБез струја повеќе скопски општини
Следна вестЌе има ли тужби за министерката за образование и останатите надлежни оти нема учебници?