На територија на град Скопје изречени се вкупно 170 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 15 санкции, соопшти денеска МВР за вчерашните контроли на скопските сообраќајници.
Имало 11 мерки за возење без возачка дозвола и 10 санкции за непрописно престигнување и обиколување.
-Изречени се девет мерки за користење мобилен телефон при возење, седум санкции за технички неисправни возила во јавниот превоз, пет мерки за возење под дејство на алкохол…, се наведува во информацијата.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.