Во текот на вчерашниот ден казнети се 179 возачи на територијата на Град Скопје. Од нив 20 возеле пребрзо.
Во акциска контрола во областа на сообраќајот на територија на Град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 179 казни.
Од вкупниот број изречени мерки, 20 се за непочитување на брзината на движење, 13 за возење без возачка дозвола, пет мерки за поминување на црвено светло, 15 мерки за користење на мобилен телефон…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, најавија од МВР и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.